Пресуда за Мијалков за „Тортура“ врз Бошковски

11

Десет години по скандалозното приведување на политичарот Љубе Бошковски, денеска ќе биде донесена пресуда за предметот „Тортура“. Првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков заедно со неколку полициски службенци од единицата „Алфи“.

За мачење и нечовечко постапување при приведување на политичарот Љубе Бошковски веднаш по парламентарните избори во 2011 година денеска ќе му ја донесе четвртата пресуда на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков. Станува збор за пресуда за предметот Тортура на поранешното Специјално обвинителство.

До сега Мијалков е осуден на 12 години казна затвор за предметот Таргет Тврдина, односно за незаконското масовно прислушување, потоа 8 години затвор за набавка на британска опрема за следење на електронската комуникација за УБК и 3 години затвор за предметот на СЈО „Титаник 2“, кој се однесува на изборни измами.

Пет години од објавувањето на „бомбите“, довербата во судството на најниско ниво
На обвинителна клупа во изминативе 50-тина рочишта седеа Мијалков и шест припадници на сега поранешната полициска единица „Алфа“ поради начинот на кој е изведено апсењето пред ресторанот „Воденица“ . Првото рочиште за Тортура беше закажано во март 2018 година. Мијалков е обвинет дека апсењето на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Бошковски е спроведено под негова наредба со цел политичко понижување на неговиот противник.