Владата дозволи свадби и на затворено со максимум 250 гости

7

Владата денеска донесе одлука да се дозволи организирање свадби и во затворени простории со максимум 250 лица, но не повеќе од 40 проценти од капацитетот на просторот, објави министерот за економија, Крешник Бектеши.

Оваа одлука ќе почне да се применува од 1 јули 2021 година.

Во текот на епидемијата свадбите и прославите беа забранети, а власта дозволи нивна организација од 1 јуни, но само на отворено и не повеќе од 50% исполнетост на капацитетот.