Безос се повлекува од Амазон и се посветува на Вселената

15

Џеф Безос, еден од најбогатите луѓе во светот, го напушти Амазон. Тој остави траен белег во бизнисот кој го почна од една гаража во Сиетл од каде ја покрена интернет продажбата на книги и својот проект го претвори во една од најмоќните светскикорпорации.

Безос (57) во февруари најави дека ќе отстапи од местото извршен директор во Амазон во третиот квартал од годинава. Агенциите најавија дека основачот на компанијата со тој потег ќе му го остави проблемот со незадоволните работници на својот наследник, Енди Џеси, за да има повеќе време за филантропија, уредување на весниците и за патот во вселената.

Безос сепак, ќе задржи една од клучните позиции во одделите за технологија и интернет продажба во гигантот Амазон кој го основа пред 27 години.

Пазарната вредност на Амазон изнесува повеќе од 1,7 милијарди долари. Во 2020 година, компанијата забележа годишен приход од 386 милијарди долари со интернет продажба, „клауд“ сметководство, вештачка интелигенција и продукција на филмови.

Молневитиот подем на Амазон го направи Безос еден од најбогатите луѓе во светот, кој моментно „тежи“ 200 милијарди долари.

По отстапувањето од местото извршен директор во Амазон, Безос најави дека повеќе се се фокусира на својата компанија за истражување на вселената Blue Origin, а за некој ден со ракета дизајнирана за шест патници, Безос треба да полета на висина од над 100 километри над површината на Земјата.