По 11 дена, папата Франциско излезе од болница

5

Папата Франциско денеска излезе од универзитетската болница Гемели во Рим, 11 дена откако беше опериран на дебелото црево.

Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни истакна дека Папата бил пуштен околу 10:30 часот по локално време (4:30 часот по средноевропско време) од болницата.

Бруни додава дека пред да се врати во Ватикан, папата ја посетил и базиликата Света Марија Маџоре, каде што изразил благодарност за успехот на неговата операција и принесел молитва за сите болни, особено оние што ги запознал за време на неговиот престој во болница.

На 4 јули, на Папата му бил отстранет дел од дебелото црево поради тешка „дивертикуларна стеноза“, односно стеснување на дебелото црево.

Тој се појави во јавноста за прв пат по операцијата во неделата, стоејќи околу 10 минути за време на говорот од балконот на болничката соба.