Расте бројот на затруени во Дечани, анализите покажуваат дека водата не е загадена

13

Директорот на Националниот институт за јавно здравје на Косово, Насер Рамадани, изјави дека труењето во Дечани не се случило поради неисправфност на водата за пиење.

„Лабораториските резултати кои ги добивме укажуваат на тоа дека нема трага на труење од вода. Но, ова со сигурност ќе се знае по дополнителните анализи и на водата и на пациентите“, рече Рамадани.

Хемиските анализи на примероците на вода земени од шест села во општина Дечани два пати дале негативни резултати. Во Дечани вчера беше прогласена вонредна состојба поради масовно труење на околу 1500 жители.