Бритни Спирс со ново потресно обраќање: Старателството ги уби моите соништа, надежта е сè што имам сега

5

Поп-ѕвездата Бритни Спирс на својот инстаграм-профил напиша дека одбива да настапи се додека не биде ослободена од нејзиниот татко кој воедно е и нејзин старател – Џејми Спирс. Таа исто така изјави дека старателство ѝ ги „уништило нејзините соништа“ во текот на изминатите тринаесет години.

Објавата на „Инстаграм“ е најновата шокантна изјава што Бритни Спирс ја објави во јавноста коментирајќи ја неможноста да ги контролира своите финансии, и животот воопшто.

„За оние од вас кои ги критикуваат моите видеа на кои танцувам… Видете, нема да настапувам на која било сцена наскоро, сè додека татко ми контролира што носам, како изгледам или за што размислувам“, напиша Бритни.

„Подобро да објавувам видеа на кои играм во дневната соба, отколку да бидам на сцената во Вегас и да пробувам различна шминка, а да не можам направам ремикс верзии на моите песни“, додаде ѕвездата.

„Ова старателство ги уби моите соништа, така што надежта е сè што имам сега, и надежта е единственото нешто на овој свет што е многу тешко да се убие… Но, луѓето сè уште се обидуваат. Не ми се допадна начинот на кој документарците презентираа понижувачки моменти од моето минато. А за жените кои велат дека е чудно што сè уште се надевам на бајки – е*ете се! Како што реков, надежта е се што имам во моментот… Бидете среќни што објавувам нешто воопшто“, напиша поп принцезата.

Нејзиниот татко, Џејми Спирс, има целосна контрола врз нејзините финансии уште од 2008 година. Судијата во Лос Анџелес неодамна ѝ дозволи на поп-ѕвездата да избере свој адвокат во случајот со одземање на старателството.

„Ако не ви се допаѓа тоа што го гледате, отследете ме. Луѓето се обидуваат да ја убијат надежта затоа што надежта е една од најранливите и кревки работи. Сега ќе одам да си прочитам некоја е*ена бајка. Ако не сакате да го видите мојот скапоцен задник како танцува во мојата дневна соба или не одговара на вашите стандарди – одете и прочитајте некоја книга“, заклучи Бритни.

Пејачката неодамна сведочеше јавно и откри дека нејзиниот татко и менаџерскиот тим целосно го контролираат нејзиниот живот. Бритни тврди дека и го одзеле пасошот, ѝ забраниле да разговара на телефон и дека насилно ѝ вградиле спирала за да не може да остане бремена.