Видео: Милвоки на тронот на НБА

0

Па пауза од половина век Милвоки Бакс повторно стигна до шампионскиот трофеј во најсилното светско кошаркарско првенство. Бакси предводени од маестралниот Јанис ја добија финалната серија во НБА против Феникс со 4-2 во победи.
Клучниот шести натпревар Милвоки го доби на свој терен со 105-98.

Кошаркарите на Милвоки бакс по пауза од 50 години и голем пресврт во финалето против сонцата од Феникс повторно го освоија толку посакуваниот шампионски прстен во НБА.

Бакси на „крилата“ на неверојатниот Јанис Адетокумбо по двата порази на стартот на големото финале, направија серија од четири победи вредни нов шампионски трофеј.

Во шестиот меч грчкиот суперстар го водеше тимот до тримф за трофеј со 50 поени, 14 скока и 5 блокади.

Заслужено Јанис на крајот го освои и МВР признанието за Најкорисен кошаркар во финалната серија.

Кај Феникс Санс, Крис Пол заврши со 26 поени.