Канје се расплакал додека ја слушал песната за пропаднатиот брак со Ким

4

Раперот Канје Вест одржал забава во Лас Вегас, а повод било слушањето на неговиот нов албум кој ќе се вика Донда, по неговата почината мајка.

Канје таму пуштил една од песните која, како што пишува британски „Сан“, наводно имала коментари за неговиот брак со ријалити ѕвездата Ким Кардашијан.

Канје наводно се расплакал на таа забава кога ја слушнал песната „Welcome To My Life”. Текстот е наменет за разводот од Ким, неговите испади на Твитер и кандидатурата за претседател на Америка.

„Кажете им на атентаторите дека побегнав од Калабасас“, гласи стихот со кој Канје го споредува живеењето со Ким со затвор.

– Тоа е многу длабока, тажна песна за Канје, која го отсликува неговиот брак со Ким. Рапува за децата и за тоа дека Ким му одзела сѐ. Канје се расплака. Му беше многу тешко. Откако почна песната, Канје застана околу две минути и се расплака – вели извор за „Сан“.

Ова ќе биде првиот албум за Канје по разводот со Ким Кардашијан.

албумбракканје вестким кардашијанпеснаразводраперријалити ѕвезда