Повредата на Адеми воопшто не е наивна: Проблеми со бутниот мускул и задната ложа

8

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми се повреди синоќа во натпреварот од второто коло во квалификациите за Лигата на шампионите на кој неговиот Динамо славеше против кипарска Омонија со 2-0.

Адеми ја напушти играта во 42. минута, а согласно првичните проценки повредата воопшто не е наивна. Има силни болки во бутниот мускул, но и повреда на задната ложа.

„Кај Адеми настрада бутниот мускул, можеби и задната ложа. Не сакам ништо да прогнозирам, но се надевам дека се ќе биде во ред“ – истакна по натпреварот тренерот на Динамо Загреб, Дамир Крзнар.

За денеска се најавени детални лекарски прегледи пред да биде познато колку и како ќе мора да паузира Адеми за кого се најавува дека ќе го пропушти реванш дуелот со Кипраните.

Македонија во септември ја очекуваат три натпревари од квалификациите за СП 2022, против Ерменија и Романија на домашен терен и против Исланд на гости. На списокот на новиот македонски селектор Благоја Милевски сигурно се очекува да биде и Аријан Адеми.