„Пред осум години мајка ми продаваше на улица за да преживееме, а сега сум на врвот!“

2

Кошаркарите на Милвоки бакс триумфираа против Феникс санс во шестиот меч од финалето во НБА-лигата и така ја освоија втората титула во историјата.

Херој на Милвоки беше Гркот Јанис Антетокумпо, кој постигна дури 50 поени и 14 скокови на последниот меч.

„Почнав да играм кошарка за да му помогнам на моето семејство за да се извлечеме од проблеми. Се соочувавме со многу проблеми како деца. Не знаев дека ќе играм финале во НБА на 26 години“, кажа Антетокумпо.

Гркот имал тешко детство и кажа дека ова е награда за трудот и работата во претходните години.

„Се надевам дека ќе им даде надеж на луѓето. Пред осум ипол години мојата мајка продаваше стари работи на улица, а сега сум на врвот. Пресреќен сум, сите треба да верувате во своите соништа“, вели Јанис.