Црна Гора ги заострува мерките на туристичките места

4

Здравствените власти на Црна Гора ќе предложат поостри мерки откако вчера беа регистрирани 65 нови случаи на коронавирус, најмногу за еден ден во последните два месеци.

Поради падот на бројот на пациенти, земјата скоро целосно ги укина сите епидемиолошки мерки, освен за концерти, ноќни клубови и други масовни собири, каде е потребно е да се покаже потврда за вакцинација или негативен тест за ПЦР, пишува ХИНА.

Бидејќи повеќето од новите пациенти се на туристички места, здравствените власти им се заканија на сопствениците на кафулињата и рестораните дека кршењето на епидемиолошките мерки ќе биде строго казнето со парични казни и затворање на просториите за три дена.

Доколку еден објект повеќе пати ги прекрши епидемиолошки мерки, тој ќр биде затворен од 15 до 30 дена, соопшти Министерството за здравство.

Во средината на април, Црна Гора започна со укинување на епидемиолошките мерки кои беа целосно либерализирани на почетокот на летната туристичка сезона. Повеќе од 100.000 туристи во моментов престојуваат во земјата, покажуваат владините податоци.