Шилегов: На скопјани им е сеедно кога ќе се одржат локалните избори, партиите да го изберат терминот

7

Во врска со датумот за одржување на локалните избори, актуелниот скопски градоначалник Петре Шилегов истакна дека партиите се тие кои треба да го изберат датумот.

„Работата е на политичките партии да ги договорат термините за локалните избори и како и да е се ближат локалните избори. Што се однесува до скопјани, јас знам дека им е сосема сеедно дали изборите ќе бидат порано или на 31 откомври затоа што знам дека ќе го изберат во континуитетот во дејствувањето и во функционирањето на градоит“. изјави Шилегов.