Принцот Џорџ го слави роденденот, а ќе добие подарок кој многу го нервира Вилијам

1

Принцот Џорџ го слави својот 8-ми роденден, а Бакингемската палата е во неволја! Кралските готвачи веќе подготвија мени за роденденот на децата.

Што има на менито за роденденот на принцот?

Роденденското мени ќе вклучува сендвичи со колбаси и јајца, желе и сладолед. Меѓутоа, покрај овие деликатеси коишто ги сакаат децата, принцот Џорџ е најзаинтересиран за подароците што очекува да ги добие. Имено, традиционално за 8-миот роденден момчињата во Бакингемската палата добиваат специјални подароци од кои принцот Вилијам се ужаснува.

Овој подарок е инспириран од принцезата Дијана и се практикува секоја година за роденден. Џулија Самуел (60) беше најдобра пријателка на принцезата Дијана, бабата на Џорџ. Оваа дама носи огромен број подароци секоја година, со кои принцот Вилијам не знае што да прави.

Принцот Вилијам редовно се нервира, бидејќи тоа се подароци коишто создаваат бучава и тешко се инсталираат. Тој ѝ се лути на Џулија, но таа нема да запре.

– Купувам куп подароци за Џорџ, како што би правела Дијана. Децата уживаат со бучни и сјајни подароци. Знам дека Вилијам ги поминува деновите собирајќи ги подароците, но децата уживаат во тоа – објаснува Џулија.

– Овие подароци предизвикуваат многу насмевки и Џорџ многу ужива – истакнува Џулија.