Пендаровски ќе ги одликува Стефановски, Хаџиманов, Несими и Мукаетов со Орден за заслуги

2

Претседателот Стево Пендаровски денеска во претседателската резиденција ќе одликува четри личности со Орден за заслуги за државата. Како што беше најавено, постхумно ќе бидат одликувани Горан Стефановски, пејачот и актер Зафир Хаџиманов и професорот Ремзи Несими, а орден за заслуги ќе добие и првиот човек на „Алкалоид и претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов.

Тие ќе бидат одликувани за:

Горан Стефановски за исклучителен и неповторлив придонес во континуитетот и во осовременувањето на книжевното културно наследство;

Зафир Хаџиманов за огромниот придонес во специфичниот полижанровски развој во сферата на уметничкото творештво;

Ремзи Несими за неговиот траен придонес во филолошките науки и албанологијата во Република Северна Македонија и во светот воопшто;

Живко Мукаетов за професионалните стандарди во фармацевтската индустрија и за неговата филантропска култура и општествена одговорност.