Европол открива: Коњско месо со декларација за телешко влегло во Хрватска?

1

Коњско месо со декларација за телешко месо влегло во Хрватска. Тоа беше објавено од Европол, кој работи веќе шест месеци на истражување на трговијата со фалсификувани прехранбени производи. Но, хрватските институции не знаат ништо за тоа, пренесеува регионалниот деловен портал SEEbiz.eu.

Коњско месо се продавало како телешко и преку Интернет. Ова го откри Европол, агенција на ЕУ, која им помага на европските земји во борбата против меѓународните злосторства и тероризмот.

„Ние редовно ги менуваме европските закони, ги подобруваме и ги заоструваме за да спречиме фалсификување храна, но за жал, секогаш има досетливи индивидуи кои се снаоѓаат. Тие наоѓаат некакви дупки во законот “, вели европратеничката Билјана Борзан, пренесува Дневник.хр.

Во акцијата наречена ОПСОН Х, која се спроведуваше од декември 2020 година до крајот на јуни годинава во Хрватска и во други 72 земји во светот, запленети се речиси 16.000 тони стока. Нездрава, расипана или незаконски преработена храна и пијалоци.

Во својата работа, европратеничката Борзан наиде и на други видови фалсификување храна.

„Фалсификатите на храна многу често се случуваат кога станува збор за храна која е означена како био, органска, еко и слично, што најчесто ја земаат луѓе од здравствени причини. Поради тоа е поголема несреќата“, вели Борзан.

Царинската управа учествуваше во акцијата, која што се спроведе преку зголемен надзор и контрола над автомобили, комбиња, камиони и автобуси, како и преку зголемен надзор на лица и возила што ја минуваат државната граница.

Тие тврдат дека не се пронајдени неправилности.

„Ги заостривме законите и казните сега се толку високи што треба да ги одвратат сите што ќе се обидат да прават измами со храна, а ги засиливме инспекциите за да го минимизираме мамењето со храна“, објасни Борзан.

Освен Царинската управа, ветеринарната инспекција, Министерството за земјоделство, Агенцијата за храна и Државниот инспекторат не знаеја ништо за неисправната стока.