Косово пишува своја историја на ОИ: Нора Ѓакова го освои вториот златен медал

19

Косовскиот олимписки тим најави напад на неколку одличја на актуелниоте Олимписки игри, но по три комплетирани натпреварувачки дена, оваа земја дојде и до вториот златен медал во Токио.

Дистрија Красниќи го донесе првиот златен медал за Косово во џудо, а сега во истиот спорт, денеска победи Нора Ѓакова во категорија до 57 килограми во женска конкуренција.

На овој начин, Косово пишува своја историја на летните Олимпиоски игри, но и се истакнува како една од најдобрите школи за борење од овие простори.

Нора до влезот во финалето се бореше со Цукаса Јошида, Каја Кајзер и Сан Вархаген, додека на завршниот меч, беше подобра од Сара Леони Сисики од Франција.

Француската претставничка беше дисквалификувана поради недозволен потег, па Нора Ѓакова се израдува на својот прв златен медал во вториот настап на Олимписките игри.