Возачот на косовскиот автобус се бранел со молчење, доби едномесечен притвор

5

На возачот на автобусот кој доживеа несреќа во Хрватска му е одреден притвор од еден месец поради опасност од бегство, пренесуваат регионалните медиуми.

– Истражниот судија одреди мерка притвор, односно истражен притвор во траење од еден месец поради можноста возачот да ја напушти Хрватска. Тој ќе биде испратен во затвор. Денес тој само се изјасни, но немаше никакво сведочење – изјави заменикот на истражниот обвинител.

– Во ниту еден момент не ми рече дека заспал – изјави адвокатот на возачот и додаде дека не може да каже што точно му кажал неговиот клиент.

Медиумите потсетуваат дека 52-годишниот возач на косовскиот автобус со кој во неделата загинаа 10 патници, се бранеше со молчење за време на испрашувањето во Обвинителството во Славонски Брод.

Во неделата околу 6.20 часот, полицијата добила дојава дека се случила несреќа на автопатот А3, кај Славонски Брод, во која излетал автобус.

Првите полициски информации беа за тројца починати, но потоа бројот на мртви се зголеми на осум, а потоа полицијата пријави 10 починати лица, објавија регионалните медиуми.

Осомничениот, 52-годишен возач на косовскиот автобус, во кој загинаа 10 лица, во моментот на несреќата бил уморен и не можел безбедно да управува со возилото, беше известувањето од канцеларијата на државното правобранителството во Славонски Брод во понеделникот потсетуваат медиумите.