Швеѓаните работат на вакцина против корона која се вдишува или се пие како таблета

8

Актуелните вакцини против ковид-19 доаѓаат во форма на инјекции, но во иднина би можеле да ги земаме во форма на таблети или инхалатори.

Во лабораторијата во селото Медикон, еден од најголемите научни паркови на југот на Шведска, хемичарката Ингемо Андерсон држи тенок, пластичен инхалатор во раката, со големина половина од кутија за кибрит.

Нејзиниот тим се надева дека овој мал производ може да има голема улога во глобалната борба против пандемијата на коронавирусот, дозволувајќи им на луѓето да ги земаат идните дози на вакцината дома.

– Тие се лесни и навистина ефтини за производство – рече Јохан Ваборг, извршен директор на компанијата што обично прави инхалатори за пациенти со астма.

– Отстранете го малиот пластичен лист. После тоа, инхалаторот за вакцини се активира. Само ставете го во уста и потоа длабоко вдишете – вели Ваборг.

Компанијата Иконово соработува со стартапот за имунологија во Стокхолм (ISR) што разви вакцина против ковид-19 во форма на прав.

Таа користи лабораториски произведени протеини на вирусот ковид-19, за разлика од „Фајзер“, „Модерна“ и „АстраЗенека“, кои користат РНК или ДНК за кодирање на протеини, пишува Би-Би-Си.

Прашокот може да се чува на температура до 40 ° C, што е голема предност во однос на моментално достапните вакцини одобрени од Светската здравствена организација (СЗО), кои мора да се чуваат во стаклени шишиња на температура под -70 ° C, пред да бидат пренесени до фрижидери.

Компанијата во моментов ги тестира своите вакцини на бета (јужноафриканска) и алфа (британска) варијанта на ковид-19. Оттаму веруваат дека нивната вакцина би била особено корисна во Африка, каде што во моментов нема домашни производители на вакцини, а потоплата клима и ограниченото снабдување со електрична енергија се покажаа проблематични во однос на складирањето и испораката на вакцините против коронавирусот.

Сè уште има период на тестирање за да се утврди дали „ISR“ вакцината може да обезбеди исто ниво на заштита како и сегашните вакцини одобрени од СЗО.