15-Годишната Миа Блажевска Еминова 40-та на 100 метри слободно во Токио откако победи во својата група

10

Најмладата македонска олимпијка Миа Блажевска Еминова победи во својата квалификациска група на 100 метри слободно на Олимписките игри во Токио, но не се пласираше во полуфиналето и во конечниот поредок беше 40. во конкуренција на 52 пливачки.

Петнаесетгодишната пливачка на скопскиот клуб Орион исплива време од 57 секунди и 19 стотинки, со што не го подобри својот личен рекорд.

Најдоброто време во квалификациите го оствари Ема Меккион од 52 секунди и 13 стотинки.