Во Рим почнува Самит на Г-20 за култура

4

Во Рим денеска почнува Самитот за култура на 20 најразвиени земји во светот.

– Културата е одличен инструмент за дијалог помеѓу различни народи, традиции и цивилизации и е моќен мотор за хармоничен и одржлив раст на нациите. Дури и во моменти кога се се дели и оддалечува, земјите секогаш можат да остават отворен прозорец за дијалог за културата, истакна италијанскиот министер за култура Дарио Франческини.

На Самитот ќе се разговара за неколку теми како што се заштита и реставрација на културни добра, илегалниот пазар на антиквитети и уметнички предмети, едукација на младите луѓе и отворање на музеите за јавноста откако беа затворени поради пандемијата со Ковид-19 .

Покрај 40 делегации, на Самитот во Рим ќе учествуваат претставници на УНЕСКО, Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Советот на Европа, Медитеранската унија, Интерпол и други.
Свеченото отворање ќе биде во Римскиот Колосеум.