„Од 1-ви јануари 2023 нема да има граници помеѓу нашите земји“, рече Вучиќ на Економскиот форум во Скопје

6

Кога имавме идеја за вакво нешто сите имавме различни проблеми, на пример Србија и Албанија никогаш во минатото не биле блиски. Но ние одлучивме од погледот кон минатото главата да ја свртиме кон иднината и да размислиме и да им оставиме нешто на нашите деца, рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ на Економскиот форум во Скопје.

„Ние секако дека сите сме на Европскиот пат, но не сме глупави ниту наивни дека некој ќе работи во полза на нашите земји доколку тоа ние сами не го правиме“, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ на Економскиот форум кој денеска се одржува во Скопје.

Претседателот на Србија Вучиќ додаде дека со ова се докажува дека Србија, Македонија и Албанија докажуваат дека меѓу себе се способни да се помагаат и да го подобруваат животот на граѓаните.

„Доколку успееме да ги надминеме административните проблеми, од 1-ви јануари 2023 година нема да има граници меѓи нашите земји, граници ќе има, но нема да важат за нашите граѓаните. Тоа ќе биде историски момент“, додаде претседателот Вучиќ.

Економскиот форум ќе донесе олеснување и кај трговците, по денешните потпишани меморандуми секој кој продава било што нема веќе да застанува на граничните премини.