Ѓоковиќ го растури Нишикори, загуби само два гејма од Јапонецот и се пласираше во полуфинале

3

Новак Ѓоковиќ полесно од очекувањата ја помина јапонската тениска ѕвезда, Кеи Нишикори и се пласираше меѓу четирите најдобри на Олимписките игри.

Нишикори не е во својата најдобра форма, но се очекуваше да му пружи посериозен отпор на Ѓоковиќ од тоа што се случи денеска.

Мечот траеше нешто повеќе од еден час, а Ѓоковиќ победи со 6-2 и 6-0.

Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра со подобриот од мечот меѓу Александер Зверев и Жереми Шарди.

Во другото полуфинале ќе играат Карењо Буста кој денеска со 2-0 го победи Медведев и Качанов кој со 2-1 беше подобар од Хумберт.