Лесно се пренесува: Еден заразен со делта сојот може да зарази 30 лица

24

Зголемување на бројот на смртни случаи поврзани со коронавирусот, се забележани во БиХ, откако во последниот ковиод пресек, се пријавени 24 починати.

Загрижувачките податоци за зголемувањето на бројот на смртни случаи се проследени со оние за зголемување на дневниот број на нови инфекции. Во вторникот имаше 564 нови случаи, а претходниот ден повеќе од 600.

Забрзано ширење на инфекцијата во БиХ е забележано од почетокот на август, но наглото зголемување на бројот на нови случаи следи оваа недел. Здравствените експерти предупредуваат дека ова е резултат на слабата вакцинација, но и доминацијата на делта сојот на коронавирусот.

„Лице заразено со делта сојот може да зарази 20 до 30 луѓе“, изјави пред новинарите Бранислав Зељковиќ, директор на Институтот за јавно здравје на Република Српска, предупредувајќи дека затоа се повеќе луѓе се заразени.
Зељковиќ вели дека сериозноста на клиничката слика на заразените со делта е слична на онаа од претходните соеви.

–Институтот размислува за измена на мерките за карантин за луѓето кои биле вакцинирани и биле во контакт со заразено лице, рече тој.
Досега, нешто повеќе од 10 проценти од возрасните во БиХ ги примиле двете дози на вакцина против коронавирус, додека околу 20 проценти се вакцинирани со една доза.