Два помали земјотреси во Албанија, почуствувани и во Црна Гора

7

Два помали земјотреси ја погодија граничната област меѓу Црна Гора и Албанија рано утрово. Јачината на првиот земјотрес во епицентарот, што се случи во 4 часот и 19 минути, беше 4,1 степени според Рихтеровата скала, а вториот, што беше почувствуван десет минути подоцна, беше 3,4 степени според Рихтеровата скала.

Иако епицентарот бил на албанската страна на границата, земјотресот бил силно почувствуван во Подгорица, на околу 20 километри од епицентарот, пренесува РТЦГ.

Црногорските сеизмолози соопштија дека земјотресите не можеле да предизвикаат материјална штета. На крајот на ноември 2019 година, Албанија беше погодена од земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, кога загинаа 50 луѓе.