Куман и Пике едногласни по „бламажата“ – „Тоа сме што сме, реалноста е таква“

1

Барселона загуби со 0-3 од Баерн Минхен на домашен терен на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите. Тренерот на Каталонците, Роналд Куман и еден од најискусните во тимот Жерар Пике се едногласни по повод ситуацијата во која се наоѓа каталонскиот клуб.

„Баерн во овој момент е многу подобар тим од нас, постои голема разлика меѓу играчите. Не можам ништо да им приговорам на момците. Имаме екипа каква што имаме. Тоа се многу млади играчи, но за две до три години ќе бидеме многу добри“, изјави Куман.

Слично размислува и Жерар Пике…

„Во моментов не сме меѓу фаворитте, но тоа е што е. Некогаш бевме први фаворити, па не успеавме да ја освоиме Лигата на шампионите. Играа четири или пет 18-годишници. Тоа е нашата реалност. Не е алиби, ние сме Барселона и ќе видиме на крајот на сезоната како ќе биде се“, изјави Пике.