Блиндирани возила и специјални единици на граничните премини на северот на Косово (ВИДЕО)

16

Специјалните единици на косовската полиција РОСУ биле распоредени утринава на двата административни премини кон Србија – Јариње и Брњак.

Припадниците на специјалната единица на косовската полиција утринава пристигнале на двата премини на северот на Косово со околу 20 возила, од кои над 10 блиндирани.

Како што јавува РТС, косовската полициска служба ја информирала српската полиција дека регистарските таблички со ознаки на северот на Косово ќе бидат одземани. Наведено е дека возилата кои имаат таблички со ознаки од Србија ќе мора да земаат пробни ознаки и да плаќаат осигурување.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада Петар Петковиќ соопшти вчера дека премиерот на Косово Аљбин Курти и властите во Приштина планираат да почна да ги одземаат српските регистарски таблички на административните премини и да ги заменуваат со косовски ознаки.

Косовската полиција потврди синоќа дека во близина на преминот Јариње се поставуваат контејнери. Наведоа дека целта на таа акција е подобрување на инфраструктурата, односно условите за работа на полициските службеници“.

Игор Симиќ од партијата Српска листа кажа дека Србите од Косово и Метохија се гневни поради потегот на Приштина на Јариње и Брњак да испрати специјалци на РОСУ.

Тој кажа дека Србите на Косово се длабоко вознемирени поради присуството на до заби вооружените специјалци. Наведе дека околу 300 возила на Срби се заглавени на Јариње, и над 100 на Брњак. „Блокирани се двете сообраќајни ленти и сообраќајот е блокиран“, кажа тој.

„Ги повикуваме нашите граѓани да бидат воздржани и да не наседнуваат на провокациите, бидејќи ова е провокација на Приштина, најверојатно за на Србите да им се ограничи слободата на движење со одземањето на регистарските таблички од Србија“, кажа Симиќ.