Партијата на Путин победник на изборите во Русија

3

Владеачката парија на актуелниот руски претседател, Владимир Путин ќе го задржи мнозинството во парламентот и по изборите кои се одржаа изминатите три дена.

За разлика од порано поддршката за Обединета Русија е намалена, но и покрај тоа според првичните резултати објавени од Централната изборна комисија партијата освоила 46% од вкупниот број гласови или двојно повеќе од второрангираната комунистичка партија.

И покрај огромната победа, Обединета Русија бележи драстично опаѓање на поддршката бидејќи во 2016та оваа партија освои 54% од вкупните гласови за разлика од годинешните 46. Како причини за падот на рејтингот на владата на Путин, се споменуваат обвинувањата за корупција како и затворањето на критичарот на руските власти, Алексеј Навални, а организациите кои се поврзани со него беа прогласен за екстремистички со што не им беше дозволено да се кандидираат на изборите.

-Денес завршуваат изборите. Овие избори се многу важни и ќе ја детерминираат иднината на нашиот град и земја. Изборите јасно покажаа дека граѓаните сакаат сувернитет, подобра стратегија за развој и решавање на социјалните проблеми на сите граѓани.вели Сергеј Собјанин- градоначалник на Москва.

Резултатите од изборите уште еднаш ја потврдија моќта на партијата на актуелниот руски претседател Владимир Путин која со земјата владее од 1999та, а се уште е непознато дали Путин ќе се кандидира на претседателските избори закажани за 2024та.

На овие избори за прв пат од 1993 гласањето не беше следено од набљудувачите на ОБСЕ, а иако опозицијата обвинуваше за изборни нерегуларности, руското министерство за внатрешни работи соопшти дека гласањето поминало во најдобар ред и дека не се забележани значајни нарушувања во изборниот процес.

.