Мбапе: Ако на Франција и е добро без мене, тогаш ќе си заминам

2

Напаѓачот на Пари Сен Жермен Килијан Мбапе го изнесе своето мислење за играње за националниот тим на Франција по Европското првенство 2020 кога беше критикуван од фановите за своето незалагање на теренот за разлика од настапите на клупски план.

„Не добивам ниту евро од играњето за францускиот национален тим и секогаш ќе играм за беспари. Но најважно од се, никогаш не сум сакал да правам проблеми. Во еден момент сватив дека станувам проблем и дека и другите луѓе го чувствуваат тоа. Беше кажано дека моето его е причината што францускиот национален тим губи и дека премногу барам и дека без мене екипата би играла подобро и би победувала.

Да повторам, мене ми е важно играњето за Франција, а ако француската репрезентација оцени дека и е подобро без мене, тогаш спремен сум да ја напуштам. Зборував за ова и со претседателот на ФФ на Франција Ноел ле Гре. Му реков дека сум разочаран од тоа што луѓето ме нарекуваа „мајмун“ по промашениот пенал против Швајцарија. Она што барав е поддршка од него и луѓето од Федерацијата. Јас сум спремен да го игнорирам сето тоа“, се дел од зборовите на Мбапе пренесени за „Екип“.

22-годишниот напаѓач одигра девет меча во Лига 1 со ефект од четири гола и три асистенции.