Голема трагедија: Почина поранешната репрезентативка и ракометарка на Кометал ЃП, Јулија Николиќ

23

Ракометна Македонија е во шок и тага откако утринава пристигна информација дека од засега непознати причини почина поранешната македонска репрезентативка Јулија Николиќ (порано Портјанко).

Јулија Николиќ во 2003 година пристигна во Кометал Ѓорче Петров и шест години настапуваше за тимот кој доминираше во македонскиот жеснки ракомет. Потоа играше и за Ушкудр, Арвор и Звезда Звенигород, за во 2013 година повторно да се врати во Македонија и последните две сезони во кариерата да ги помине во редовите на ЖРК Вардар.

Николиќ доби македонско државјанство и до последните денови од кариерата играше и за репрезентацијата на Македонија, а последен нејзин настап за националниот тим беше на ЕП во 2012 година.
Ќе биде запаметена како голем играч, уште поголем човек…