ПОЖАР ВО 13-КАТНИЦА ВО ТАЈВАН, НАЈМАЛКУ 25 МРТВИ: Експлозија во три по полноќ ги разбудила станарите (ВИДЕО)

4

Силна експлозија ги разбудила станарите околу три часот по полноќ, а причината за пожарот уште не е позната.

Најмалку 25 мртви и десетици повредени има во пожарот во тринаесеткатница во градот Каосиунг во Тајван, пишува Индекс. Силна експлозија ги разбудила станарите околу три часот по полноќ, а причината за пожарот уште не е позната. Околу 40 лица се пренесени во болница.

Зградата е стара околу 40 години и има продавници во приземјето и долните катови. Пожарот е изгаснат, а истрагата е во тек.