СНЕЖНА ИДИЛА ВО МАКЕДОНИЈА Без престан вее снег во Маврово, Попова Шапка и во Нижеполе (ФОТО)

4

Според очекувањата на УХМР, снежната покривка се очекува да достигне до 15 сантиметри, а според видео-камерите, најверојатно подебел слој на снег има на Попова Шапка и во Стрежево.

Жителите на Маврово утрово се разбудија со снежна покривка откако синоќа започна да вее снег и не престана во текот на ноќта.

Снежна покривка има и на Попова Шапка и во битолско Нижеполе, откриваат камерите во живо на веб-страницата „skimacedonia.mk“.

Според очекувањата на УХМР, снежната покривка се очекува да достигне до 15 сантиметри, а според видео-камерите, најверојатно подебел слој на снег има на Попова Шапка и во Стрежево.

Поради снегот, утрово пристигна соопштение од АМСМ преку кое се забранува движењето на тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар.

Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчев.