До 13 часот излезноста надмина 20 проценти

1

Заклучно со 13 часот, излезноста на локалните избори е 20,5 отсто, што значи дека гласале 357.599 гласачи, покажуваат податоците од Државната изборна комисија.

Спроед досега обработените податоци, најголема излезност има во општина Новаци од 43 отсто, а следуваат Кратово со 37,47 отсто и Крушево со 37,35 отсто.

Според претседателот на Комисијата Александар Даштевски, излезноста е задоволителна.