Миле Јанакиески слободно дојде на рочиштето за „ТНТ“

2

Миле Јанакиески, со придружба на адвокат, пристигна на судското рочиште за предметот „ТНТ“. Денеска дојде безз полициска придружба, но на прашањето во врска со неговиот притвор, одговорил: „Не знам, се што знам е од медиумите“, кажа Јанакиески, пренесува „Телма“.

Вчера беше укинат притворот на Јанакиески кој трае веќе цели 3 години, а тој е обвинет за повеќе дела.

Тој е обвинет за повеќе дела, на медиумското прашање што се случува во врска со неговиот притвор само кратко одговори „Не знам, се што знам е од медиумите“. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција не било информирано за укинатиот притвор.

Обвинителката Вилма Русковска најави дека ќе бара притвор поради можност за бегство, бидејќи има повеќе обвиненија и првостепена пресуда од 6 години и 3 месеци затвор за организација на собраниските насилства на 27ми април.