Постојат содржини кои не информираат, како вестите на пример, но и оние кои не убедуваат: такви се рекламите, колумните, соопштенијата за јавност на фирмите и институциите, пропагандата и сл.
Кај сите видови убедување, целта е да се влијае во мислењето и одлуките. Убедливата содржина, исто така, за разлика од информативната содржина, има тенденција да поттикне повеќе емоции – повеќе се труди да допре до нашите чувства. Мислењето е верување или гледиште. Може, но не мора да се заснова врз факти. Не можете да докажете дека самото мислење е точно или погрешно.
За разлика од мислењето, фактите може да се проверат и да се докаже дали изнесеното тврдење е точно или неточно. Фактите некогаш може да се невистинити. Нивната вистинитост може да се утврди со помош на докази.
Важно е да се знае и што е пропаганда! Тоа се информации кои имаат цел да ја убедат јавноста во определени политички ставови или избори. Често користи навреди, инсинуации, жонглира со фактите и манипулира со стереотипи и симболи. Најчесто овој поим се употребува во политички контекст, особено кога се однесува на напори спонзорирани од влади или политички групи. Ги злоупотребува емоциите, и често чувствувате гордост, лутина, омраза, страв или носталгија, чувства кои ве поттикнуваат на акција.
Важно е да научиме да ја препознаваме, зашто пропагандата прави обиди намерно и систематски да ги обликува перцепциите, да манипулира со публиката и нејзиното директно однесување за да го постигне ефектот кој го посакува пропагандистот.
(Ова видео е дел од проектот “Дезинфо лаб” што е овозможен од Програмата #SustainMedia, кофинансирана од Европската Унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој. Нејзината содржина е единствена одговорност на „Коха“ и не мора да ги одразува ставовите на ЕУ или на Федералното Министерство за економска соработка и развој)