Deepfake е вид на вештачка интелигенција што се користи за создавање убедливи фотографии, аудио и видео измами.
Технологијата што стои позадиdeepfake е се понапредна и се поубедлива. Ваквите манипулации првично беа користени во филмската индустрија. За жал, сѐ почесто се алатка за манипулација на публиката. На мета обично се јавни личности, а видеото е направено за да продаде, да убеди, да збуни, но пред сѐ да излаже. Освен ликот може да се менува и гласот и јазикот.
Deepfake не се секогаш направени за опасни измами. Но проблем е кога deepfake се направени без согласност на луѓето кои се заменуваат. Таква злоупотреба е кога ваквата технологија се користи за порнографија, малтретирање и финансиски измами на пример.
Повеќе знаци можат да ви укажат дека се работи за deepfake. Секогаш кога ќе гледате видео кое ви е сомнително, прво помислете дали е логична содржината. Дали можеби има разлики во резолуцијата, или на пример одеднаш да се појави нелогичен дел од ликот како „дух“.
Заматеноста или блурот околу деталите како што е на пример врвот на увото или обликот на косата исто така можат да укажат на преработка на лик.
Читајте, слушајте и гледајте мудро!
Ова видео е дел од проектот “Дезинфо лаб” што е овозможен од Програмата #SustainMedia, кофинансирана од Европската Унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој. Нејзината содржина е единствена одговорност на „Коха“ и не мора да ги одразува ставовите на ЕУ или на Федералното Министерство за економска соработка и развој.