E martë, 30 Shtator, 2025
18.8 C
Skopje

Дезинформации за бројност на настани

Вестите поврзани со бројност на настани често пати се манипулативни. Лагата за помалку или повеќе собрани луѓе на концерт, митинг, протест или слично, има за некаква цел. Оној што ја пласира внимателно калкулира со бројките. За да ја проверите вистинитоста на информацијата, не морате да одите на пример во Кратово. Можете во неколку секунди да проверите со бесплатна алатка дали е тоа возможно.

Отворете https://www.mapchecking.com/

Најдете го плоштадот во Кратово. Со кликање на курсерот, обележете го местото и проверете која е бројката што реално ја собира на тој простор. Така самите ќе се уверите дали е возможно српскиот пејач да ја собере бројката на публика за која пишува медиумот. По личната проверка ќе знаете дали медиумот ја кажува вистината, а ако не ја кажува, можете да ги откриете и мотивите за изнесената лага.

(Ова видео е дел од проектот “Дезинфо лаб” што е овозможен од Програмата #SustainMedia, кофинансирана од Европската Унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој. Нејзината содржина е единствена одговорност на „Коха“ и не мора да ги одразува ставовите на ЕУ или на Федералното Министерство за економска соработка и развој)

Abonohu

Për t'u përditësuar me të gjitha lajmet e fundit, ofertat dhe njoftimet speciale.

spot_img

Artikuj të ngjajshëm