Развојот на технологијата го поттикна и создавањето и испраќањето на информации. Неконтролираното присуство на информации се вика инфодемија! Претераното апсорбирање на информации не значи дека сте најинформиран, зашто инфодемијата има за цел да ве збуни, да разликувате тешко точно од неточно и да направи хаос.
Најдобар начин да излезете од овој магичен круг кој ве полудува е да направите инфо диета.
Направете свој вредносен систем врз база на тоа што ве интересира и кому му верувате. Вашата организација ќе направи паметна селекција за тоа што ви треба и како да го консумирате!
(Ова видео е дел од проектот “Дезинфо лаб” што е овозможен од Програмата #SustainMedia, кофинансирана од Европската Унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој. Нејзината содржина е единствена одговорност на „Коха“ и не мора да ги одразува ставовите на ЕУ или на Федералното Министерство за економска соработка и развој)