Кога ќе одлучите да читате одредена содржина, внимавајте на сите елементи во неа. Фотографијата има задача да го потврди, дообјасни или открие она за што се зборува во содржината. Вистинитоста на фотографијата е важна исто колку и податоците што ги читате.
Фотографијата најчесто има ефект врз вашите емоции, па така веста за загаден воздух, иако е полна со нови податоци, лажната фотографија е прва што ќе ја забележите и прва ќе влијае на вашите емоции.
Фотографијата е информација која сериозно може да влијае врз вашите идни одлуки.
Затоа секогаш кога ќе наидете на сомнителна фотографија, обидете се преку бесплатна апликација да пребарате дали се работи за вистинита фотографија.
Зачувајте ја фотографијата на вашиот десктоп. Притиснете го копчето со фотоапарат, поставете ја фотографијата, резултатите ќе ви бидат достапни за помалку од една секунда!
Не дозволувајте да бидете изманипулирани!
Ова видео е дел од проектот “Дезинфо лаб” што е овозможен од Програмата #SustainMedia, кофинансирана од Европската Унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој. Нејзината содржина е единствена одговорност на „Коха“ и не мора да ги одразува ставовите на ЕУ или на Федералното Министерство за економска соработка и развој.