Сензационалистичките вести се објавуваат за да го привлечат вниманието кај публиката. Тие најчесто користат вокабулар кој буди емоции на страв, паника, љубопитност кај публиката и прави хаос.
Секогаш кога ќе видите вест која ви создава паника, размислете добро дали и кој сака да го разбуди тоа чувство во вас? Каква е целта на таа информација? Дали е вредна за објавување? Зошто е „спакувана“ во таква рамка?
Информирајте се мудро!
Ова видео е дел од проектот “Дезинфо лаб” што е овозможен од Програмата #SustainMedia, кофинансирана од Европската Унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој. Нејзината содржина е единствена одговорност на „Коха“ и не мора да ги одразува ставовите на ЕУ или на Федералното Министерство за економска соработка и развој.